Таткото на Адел во полиција ја пријавил сосетката која слушала песни од неговата ќерка

By

Марк Еванс, татко на британската ѕвезда Адел, ја пријавил во полиција својата сосетка оти гласно ги слушала песните на неговата ќерка. Марк ги напуштил Адел и нејзината мајка кога таа имала три години и оттогаш речиси немаат контакт. Тој не бил пресреќен кога неговата сосетка Кели Фри во својата куќа гласно ги слушала хитовите што ги пее Адел, па ѝ повикал полиција.

Марк, таткото на Адел

21-годишната Кели во полиција рекла дека сака да ужива кога ја слуша музиката на Адел.

„Сите мои пријатели велат дека пеам како неа. Само на Марк не му се допаѓа кога слушам музика“, рекла Кели за локачните медиуми во Британија.

Ќе ви се допадне