Таткото на Лејди Гага бара 50.000 долари од фановите на пејачката

Таткото на Леди Гага, Џо Џерменота, кој поседува неколку ресторани во Њујорк, побара од фановите на пејачката помош во вид на донации за да може да им даде плата на своите вработени. Тој пораката ја објави на „Твитер“.

„Дадов се од себе, но морам да ги затворам на еден месец. На нашиот персонал му е неопходна финансиска помош. Секоја е добредојдена“, напиша Џо на „Твитер“. Тој објасни дека поради пандемијата ќе мора да ги затвори рестораните и да отпушти триесет вработени.

„Твојата ќерка заработува милиони. Таа е ко-сопственик на рестораните. Зошто Гага не помогне луѓето да си ја задржат работата и да добијат плата“, коментираа. По осудата, и коментарите дека е безобразен и без морал, Џо ја избриша објавата.

Scroll to Top