Таткото на Меган Маркл чита за кралската свадба во интернет-кафе

Само 10 дена пред свадбата на ќерка си, Томас Маркл (73), таткото на Меган, е забележан како во близина на неговиот дом во Мексико чита вести за кралската свадба во интернет-кафе.

Иако неговата ќерка Меган Маркл наскоро ќе се омажи за принц, тој сè уште не го запознал зетот. Се претпоставува дека Томас ќе ја испрати својата ќерка до олтарот, па сака навреме да се подготви за тоа што го очекува.

Нејзините родители се одамна разведени, но на свадбата ќе присуствува и нејзината мајка Дориа, со која Меган е многу блиска. Засега Томас и принцот Хари имаат зборувано само преку телефон.

Scroll to Top