На првиот состанок, дефинитивно, треба добро да ја оцените личноста со која сте излегле. Некои луѓе може да зборуваат отворено за која било тема уште на првиот состанок, а многу луѓе се воздржани во врска со тоа.
Но, за да не влезете во непријатна ситуација за време на првиот состанок, експертите советуваат дека треба да избегнувате некои теми бидејќи најдобро е да разговарате за нив кога вашата врска ќе стане посериозна.
Вашето и неговото минато
Разговорот за љубовното минато на вашиот партнер, како и вашето, се нешто на што не треба да трошите многу време на почетокот на врската. Причината е што имаме навика да формираме мислење за личноста што ја гледаме врз основа на добиените информации, но тоа не мора да се совпаѓа со нејзината суштина. Само затоа што некој во минатото не бил подготвен да се посвети на личноста со која бил во врска не значи дека не е способен да го стори тоа со вас сега.
Теми за бракот
Многу парови одеднаш ја почнуваат темата за брак. И иако е индивидуално, експертите тврдат дека за тоа не треба да се зборува во текот на првата година од врската. Пред да почнете со оваа тема треба доволно добро да се запознаете, да поминете доволно време заедно, како и да поминете низ одредени ситуации.
Теми за заеднички живот
Дефинитивно, треба да почекате некое време за да почнете да разговарате за заеднички живот. Слично како и со свршувачката, оваа тема не треба да се разгледува доколку не сте поминале доволно време заедно и ако сè уште има работи што не ги знаете еден за друг. Ова е важен чекор и не треба да се брза.
Теми за семејни ситуации
Семејството е важно и, дефинитивно, треба да се дискутира за тоа. Сепак, не треба да им откривате работи за вашето семејство на сите на кои ќе наидете. Ако не сте сигурни дали вашата врска ќе трае, треба да избегнувате важни и чувствителни теми што се однесуваат на вашето семејство.