Температури над 40 степени и портокалов аларм во Македонија

Времето во Македонија во следните неколку дена ќе биде многу топло со натпросечно високи температури за овој период од годината. Поради високите температирите, ќе се активира портокаловото ниво на опасност, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. УВ-индексот во следните неколку дена ќе биде 9, па од УМХР препорачуваат да не се излегува на сонце.

Утринските температури во следните денови ќе се движат од 14 до 22 степена, а дневните од 32 до 42 степена, соопшти УМХР. Ваквите температури ќе се задржат до понеделник по што се очекува благо опаѓање.

В понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец, што ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови. Во јужните делови од земјата и понатаму ќе се задржат високите температури.

Scroll to Top