Тенисерка отишла на забар, па дознала дека има рак

Американската тенисерка Никола Гибс го откажа учеството на претстојниот Роланд Гарос оти по обичен преглед кај стоматолог ѝ е откриен редок облик на рак на усната. По направената биопсија, утврдено е дека се работи за рак на плунковите жлезди. Ракот на Никола се шири под горната усна и операцијата е закажана за крајот на оваа недела. Според лекарите, прогнозите за оздравување се добри.

„Се повлекувам од тенисот да крајот на сезоната и нема да се натпреварувам на Роланд Гарос. За среќа, овој облик на рак е излечив и мојот хирург е оптимист околу исходот на операцијата. Ми дозволи да одиграм неколку турнири во последните неколку недели, што за мене беше одличен психолошки третман“, рекла Гибс за американските спортски медиуми.

Никола Гибс во моментов е на 117. место на ВТА-листата.

Scroll to Top