Тепачката во Неготино била за дечко

Откако „Репортер“ вчера пишуваше дека девојки малтретираа и влечеа за коса соученичка во училиште во Неготино, граѓани ни испратија фотографии од девојките што учествувале во тепачката. Тие велат дека малтретирањето било заради дечко. Редакцијата на „Репортер“ нема да ги објави целите имиња, оти девојките се малолетни.

Едната од тепачките, е А.Ј., наводно била во врска со момчето В.П. Таа се посомневала дека нејзината соученичка сакала да ѝ го земе момчето и од љубомора, заедно со другарката, ја натепале пред целото училиште. Додека ја влечеа за коса, ја туркаа и ја малтретираа, ученици го снимаа целиот настан и никој не се обиде да ги раздвои. Тепачката се случила во средата, по завршувањето на часовите.

А.Ј со момчето В.П

Се огласи директорот на училиштето „Гоце Делчев“ кој кажа дека девојките се степале надвор од училишниот двор, дека оделе во деветто одделение и имале по 14 години. Од училиштето ги известиле и родителите, кои треба да дојдат на средба со директорот, наставниците и училишниот психолог во понеделник.

Натепаната девојка

Ваквото однесување на девојките веднаш предизвика бројни реакции кај граѓаните. Тие сметаат дека девојката која што ја тепаше својата соученичка, треба да се казни, дека вакво крвничко однесување не е дозволиво и зошто училиштето нема обезбедување што треба да реагира во вакви ситуации. Уште пострашно, што никој од децата што ја гледаат тепачката не се обидуваше да ги раздвои девојките.

Граѓаните сметаат дека секаков вид на насилство мора да се казни. Во бројните коментари, тие пишуваат дека ова јавно малтретирање не смее да помине неказнето и дека институциите мора да се вклучат во расчистување на случајот, а не само училиштето и родителите.

Scroll to Top