Тетовската професорка Рабије Мурати меѓу 100-те највлијателни жени во светот

Рабије Мурати, универзитетска професорка од Тетово, се наоѓа на листата на 100-те највлијателни жени во светот, која ја подготви мултинационалното движење на Глобалното сестринство – АЛЛ (АLL Ladies League). Таа спаѓа во групата наречена Г100, каде се именувани жени лидерки од најразлични сектори.

„Идејата на ова меѓународно движење е како да се зајакнат жените на глобално ниво и се залагаме за еднакви права и можности на жените и мажите. Во оваа група членуваат жени кои се докажани во својата струка, во општеството, на научно ниво итн. Сакаме да ги поттикнеме жените да дојдат до израз и да дадат придонес во насока тоа што повеќе да се цени и вреднува жената. Ги охрабруваме сите жени да направат напор, секоја во својата бранша да создадат што поголеми капацитети. Г100 е еминентна група на 100 жени лидери и посилни во свет со визија за да влијаат во иднина“, изјави проф. д-р Рабије Мурати.

Мурати е вкучена во листата поради своите научни достигнувањата. Таа е доктор на педагошки науки, долгодишен редовен професор на Универзитетот во Тетово и продекан на Педагошкиот факултет. Таа е претседателка на регионалното седиште на АЛЛ за Полошкиот регион во секторот за комуникации и застапување.

Покрај неа има и други жени од Македонија, кои се вклучени во листата.

Scroll to Top