Луис Бартон, момчето на починатата британска водителка, Каролин Флек, се прости од неа преку социјалните мрежи. Тој објави заедничка слика и напиша дека тие имале нешто посебно и дека срцето му е скршено откако дознал дека таа се самоубила.
„Немам зборови, чувствувам огромна болка и ми недостигаш. Знам дека се чувствуваше безбедна со мене, велеше, кога сме заедно не мислиш на ништо друго. Овој пат не ми дозволи да бидам таму иако барав и барав да дојдам. Ќе бидам твојот глас и ќе се потрудам да се гордееш со мене секој ден. Те сакам со целото мое срце“, напиша меѓу другото, Луис.
Луис неодамна ја обвини Каролин дека го нападнала, по што таа беше приведена и требаше да следниот месец да се појави пред суд.
Јавноста дозна вчера за смртта на водителката на „Љубовен остров“ и на „Икс фактор“, а адвокатот на семејството соопшти дека Флек се самоубила. Нејзината менаџерска компанија соопшти дека 40-годишната Флек била под силен притисок откако била обвинета за напад на Бартон, обвинение што таа го негирала.