ТикТок ќе биде забранет во САД од недела

ТикТок ќе биде забранет во САД од недела, кога стапува на сила извршната наредба потпишана од Доналд Трамп па корисниците веќе нема да можат да ја даунлодираат оваа видеоапликација.

Трамп и неговата администрација се закануваа дека ќе го забранат ТикТок, обвинувајќи ја Кина дека се служи со него за да ги собира податоците на американските граѓани.

„Оракл“ е фаворит да ги купи американските операции на ТикТок и доколку договорот не биде постигнат до 12 ноември, апликацијата целосно ќе биде забранета и, според американското министерство за трговија, нејзините користење и даунлодирање ќе се сметаат за незаконско.

Освен ТикТок, ќе биде забранета и апликацијата ВиЧет. ТикТок има 100 милиони корисници во САД и особено е популарен меѓу младите.

Scroll to Top