Тинејџерка собра 30.000 чифта чевли за да им ги донира на бездомници

Линдзи Собел (17) веќе пет години собира чевли за бездомниците во Калифорнија и им ги донира. Таа почнала да ги собира чевлите на 12 години. Откако присуствувала на кошаркарски натпревар во „Стејплс центарот“ и првпат забележала колку многу бездомници има во Лос Анџелес, решила да им помогне.

„Забележав дека многу од нив живеат во навистина ужасни услови и сметав дека никој не заслужува да живее на тој начин. Многу од нив дури немаа ни чевли. Тоа ми создаде сосема нова перспектива за животот,“ вели Линдзи.

Таа досега донирала 30.000 чифта чевли на луѓе низ Јужна Калифорнија. Вели дека ова ја прави среќна оти може да помогне.

„Кога се вратив дома од кошаркарскиот натпревар, го отворив плакарот и сфатив дека имам многу чевли што никогаш не сум ги носела. Можеби половина од нив никогаш не беа облечени. Дарувањето чевли би бил одличен начин да ѝ се помогне на заедницата,“ си помислив.

Таа во 2016 година одлучила да почне да собира нови и веќе носени чевли. Ја основала добротворната организација Shoes for Souls и почна да бара помош од пријатели и луѓе што би донирале.

Таа исто така организира еднонеделно патување во летен камп, каде што камперите се натпреваруваа едни со други за да донираат повеќе обувки. Линдзи бргу собра илјадници чевли, што ги донира во локалните засолништа за бездомници. Кога двајца членови на Градскиот совет на Лос Анџелес ѝ побараа помош, таа успеа да донира над 4.000 пари чевли за неколку недели.

„Бев толку почестена што можев да помогнам. Беше навистина одлично да гледам како се исплаќа мојата работа,“ додала Линдзи.

Иако таа сака да им даде на луѓето што повеќе чевли, вели дека секогаш се грижи тие да бидат во добра состојба.

„Моето мото е – ‘ако и вие би ги носеле, ќе ги прифатам’. Сакам да се обидам да им го дадам најдоброто можно искуство на сите луѓе. Не сакам да им дадам чифт чевли кои се уништени или истрошени. Не сакам да мислат дека тоа е нивната вредност“, вели Линдзи.

 

Scroll to Top