Тинејџерот што го следеше авионот на Илон Маск добил понуда за работа во авиокомпанија

Тинејџерот Џек Свини кој го следеше приватниот авион на Илон Маск, добил понуда за работа во приватна авиокомпанија за чартер летови Stratos Jet Charters.

Од компанијата велат дека биле импресионирани од преписката на „Твитер“ со Илон Маск и затоа му понудиле работно место во тимот за технолошки развој. Свини рече дека бил воодушевен од понудата, но затоа што сè уште студирал ќе размилел дали ќе ја прифати.

„Беше прилично кул. Тие присуствуваа на Универзитетот во Централна Флорида и беше прилично интересно“, рече Свини.

Свини рече дека веќе работел во друга приватна фирма за летови UberJets со пола работно време. Во оваа компанија работел на развој на апликации.

Претседателот и извршниот директор на Stratos, Џоел Томас исто така рече за „Њујорк пост“ дека компанијата на Свини му понудила да работи во нивниот развоен тим откако му го виделе налогот на „Твитер“.

„Кога го видов интересот на Џек за приватната авијација, заедно со неговите вешти технолошки способности му ја отворив вратата и му понудив да ни се придружи во нашиот развоен тим. Затоа што сега студира на UCF, Stratos би сакал да соработува со него на проектна основа, со скратено работно време или стажирање, како би му помогнале да ги оствари неговите образовни цели“, рече Томас.

„Гледам дка Џек има страст и за авијацијата и за технологијата. Верувам дека овој рецепт ќе му поомогне да продолжи да ја подигне летвичката како и многу други млади луѓе“, додаде Томас.

Профилот на Свини на „Твитер“, @ElonJet од неодамна станаа вирални откако медиумите објавија дека Маск му понудил 5000 долари за го отстрани, затоа што не сака луѓето да ги следат неговите летови.

„Не ми се допаѓа идејата некој лудак да ме собори“, рече Маск кој додаде да следењето преку „Твитер“ претставува безбедносен ризик.

Свини му побарал 50.000 долари велејќи дека парите би можел да ги искористи за плаќање на школарината за колеџ и дека може да си купи еден од неговите автомобили во „Тесла“. Исто така му понудил и опција да има приправнички стаж во неговата компанија.

Тој рече дека е голем обожавател на компанијата на Маск „Спејс икс“, уште од првото лансирање на ракетата „Фалкон“ во 2018 година. Неговиот татко работи за авио-компанија, што била причина плус за Свини да покаже интерес за авијацијата.

Засега Маск се нема огласено на понудата на Свини.

 

 

 

 

Scroll to Top