Тито забранил да се пее песната која болните од туберколоза ги туркала во смрт

Во 1950 година Драгиша Недовиќ од Крагујевац ја напишал песната „Плуќа су ми болна“, откако дознал дека боледува од туберколоза. Многумина сметаат дека ова е најтажната песна некогаш снимена на Балканот. Оваа песна лично ја забранил Јосип Броз Тито, зашто многу луѓе кои заболеле од туберколоза во тоа време, извршувале самоубиства.

Драгиша Недовиќ, бил роден 1916 година, а веќе на 20 години ја напишал песната „У лијепом старом граду Вишеграду“. Во 1941 година, со останатите жители на Крагуевац бил изведен на стрелање, но во последен момент, бидејќи бил познат текстописец, го тргнале настрана и го депортирале во Германија каде минал четири години во работен логор во Дромаген.

По завршувањето на Втората светска војна, тој се вратил во Крагуевац, а на почетокот на 1950 година дознал дека има туберколоза. Тогаш ја напишал песната „Плуќа су ми болна“.

Песната прв ја снимил Заим Имамовиќ. Се зборува дека толку сугестивно делувала на луѓето, особено на заболените од туберколоза, што многумина под нејзино влијание се самоубивале. Затоа Централниот комитет, по директива на Тито, одлучил да ја забрани песна. И така било додека, десетина година подоцна, на една прослава не ја нарачала Јованка Броз, сопругата на Тито, а  песната ја отпеала легендарната Нада Мамула.

Иако се излечил од туберколоза, Недовиќ во 1959 година се соочил со проблеми со срцето. Починал од инфаркт 1966 година. Денес ретко кој може да се сети на неговото огромно богатство од дури 800 песни кои ги оставил зад себе. Меѓунив се наоѓаат песните „Текла река Лепеница“, „На Морави воденица стара“, „Смедерево граде од старина“ и други.

 

 

 

Scroll to Top