„Тојота Јарис“ е избран за автомобил на 2021 година во Европа

Најновата, четврта генерација на „Тојота Јарис“ е избрана за европски автомобил на годината за 2021 година. Во изборот учествуваше жири кое го сочинуваа 59 новинари. Тие дадоа најмногу 266 поени за овој автомобил. Веднаш зад него со 240 поени се најде „Фиат 500“

На третото место со само еден поен помалку од „Фиат 500“ беше „Купра Форментор“.

„Ова претставува голема чест за Toyota и јас би сакал да се заблагодарам на жирито за нивното признание. Исто така сакам да ја искористам пригодата да дадам признание за страста на нашите развојни тимови во Европа и во Јапонија. Ова е најдобриот Yaris досега и исто како што беше замислата на Акио Тојода, тој веќе им создава насмевка на лицата на нашите клиенти“, изјави Мет Харисон, извршен потпретседател на Toyota Motor Europe.

Scroll to Top