Недостигот од море се чувствува во секоја пора – малку од неговиот мир ни е потребен да ни се одмори умот и малку сол за да ни ги залечи постпандемиските рани. А тогаш – сончевите зраци, лебдењето на брановите и звукот на галебите да ни ја вратат силата. Потребно ни е рестартирање на сите, па ако не сте во можност да отпатувате некаде на продолжен викенди, почнете да го планирате своето летно патување. Без разлика дали ќе се реализира или не – исчекувањето спасува.
Во прилог ви носиме топ-5 предлози.
Хрватска
Експанзијата на популарноста на хрватските крајбрежја не спласнува. Главно одредиште за европските патници кои бараат сончево крајбрежје, велелепна архитектура и вкусни специјалитети, се Истра и Далмација со своите живописни гратчиња.
Од шармантниот Ровињ, преку вечниот Дубровник, па сè до луксузните Опатија и Хвар – можностите се неограничени. Вам ви останува само да ги откриете неистражените крајбрежја, плажи и вински лозја – скриено богатство за хедонистите.
Италија
Плажата можеби не е првата работа што ќе ви падне напамет кога размислувате за Токсана затоа што нејзината ренесансна архитектура, уметност и вински лозја често ја понесуваат славата. Меѓутоа, градот Ливорно е всушност фантастично место за одмор покрај море.
Доколку барате некоја своја традиционална италијанска дестинација на плажа, тогаш Сардинија би можела да биде место за вас. Тука ќе пронајдете и археолошки остатоци од неолитската цивилизација, исклучителни планини, морски плодови и мноштво активности на отворено.
Шпанија
Мајорка е најголемиот и најпосетен остров на Балеарското Море и претставува импозантна дестинација за одмор на сјајните плажи со импресивна природа и архитектура. Главниот град на островот Палма има атрактивен пејзаж, кој ги комбинира синото море и импресивните готски гробишта, а позната е и по возбудливиот ноќен живот, неверојатната храна и одличните бутици и сокачиња во делот на стариот град.
Црна Гора
Има нешто повеќе во Црна Гора од прекрасните диви плажи, природата и старите градови, а тоа е она чувство како да сме дома. Туристичките водичи препорачуваат обиколка на Црна Гора со брод затоа што на тој начин најдобро ќе ги откриете сите нејзини морски бисери. Римски, византиски, ренесансни и барокни палати. Котор е наш фаворит, а веднаш зад него се Будва и Пераст како две спротивности, во зависност од тоа дали трагате по бурен провод или мирен одмор.
Португалија
Португалската регија Алгарве е идеална за уживање на сонце. Се состои од 16 општини, а некои од најпопуларните и најпознати се Албуфеира, Фаро и Лагос. Монишки го одликуваат зелените брда за бегство од вжештените плажи, а необичната Тавира полињата со портокалови дрва, како и цркви и средновековни замоци со панорамски поглед на пространото крајбрежје.