Топ најголеми и најавтентични филмови со психопати

Според мислењето на психолозите од ФБИ, ова е листата на топ-10 најавтентични филмски псиохопати.

10. Норман Бејтс – Психо

Самото име на филмот на Хичко упатува на тоа дека имаме работа со психопат, но аналитичарите на ФБИ сепак го ставаат на последно место затоа што Норман, пред сè, покажува класични симптоми на повеќекратна личност, а не особини на класична психопатска личност.

9. Ханибал Лектор – Кога јагнињата ќе стивнат

Сцената во која штотуку свршената агентка Кларис Стерлинг, која ја толкува Џоди Фостер, првпат го среќава господинот Ентони Хопкинс, култниот Ханибал Лектор, како што експертите на ФБИ истакнуваат, е совршен приказ на психолошко интервју со психопат.

Во сцената во која се појавува Ханибал постои непогрешливо ниво на лукавост и манипулација, која не само што го издвојува како автентичен психопат туку и како импресивна глумечка креација.

8. Републиканецот Леон Ковалски – Блејд ранер (Истребувач)

На повеќе начини особините што Ридли Скот им ги додели на републиканците се наоѓаат на листата за дијагноза на психопатски личности. Еден од најзначајните елементи на тестот што го користи ФБИ е емпатијата. Леон Ковалски сигурно ќе падне на овој тест.

7. Гордон Геко – Вол стрит

„Алчноста е добра“, извикува Гордон Геко, односно Мајкл Даглас, петнаесеттина пати во возбудлив говор, во кој на крајот речиси ѝ да поверуваме. Неговите реторички способности, кои личат на проповедник, се совршен приказ за моќта на психопатите. Комбинацијата од манипулација, комплекс на повисока вредност и жесток површен шарм може да биде убиствена на повеќе начини.

Гордон Геко е премногу интересен за да го мразиме, но исто така е премногу лишен од човечност за да би ни се допаднал.

6. Џејмс Бонд – особено во интерпретација на Шон Конери

Она што некому може да му изгледа како необичен избор, на аналитичарите им е совршено јасно зошто и тој се најде на листата. Тоа како агентот 007 немилосрдно ги убива злосторниците не е однесување на нормална личност, тврдат психолозите. Тоа што тој го прави „во име на нејзиното височество“ не го прави помалку психопат. Дури и кога се борите со злобниците, сосема е природно понекогаш да се појави некоја емпатична реакција.

Промискуитет, имплусивност, бесчувствителност и недостиг на емпатија – сите овие особини можете да ги пронајдете кај Бонд, Џејмс Бонд, не само во интерпретацијата на Шон Конери.

5. Том Рипли – Талентираниот господин Рипли

Многу точки на листата со особини што ги карактеризираат психопатите би можеле да се содржат во терминот девијантно однесување, а тоа е фраза што сигурно би можела да се забележи кај убивствениот господин Рипли. Тој е доста шармантен, но зад уредно исчешланата коса и испегланиот околувратник се крие злобен ум.

4. Алекс – Пеколен портокал

Кјубриковата адаптација на романот на Ентони Барџис по објавувањето предизвика голема вознемиреност во јавноста, па имаше барање да се забрани неговото прикажување.

Алексовото психотично однесување како лидер на банда се одликува со недостиг на емпатија и постојана потреба за адреналин. Меѓутоа, според оцените на експертите, помалку е реалистична терапијата со која се обидуваат да го излекуваат.

3. Кевин – Мораме да разговараме за Кевин

Психопатските особини на личноста многу е потешко да се докажат кај деца, но во некој облик таа сепак може да се забележи.

Во делот од филмот, кој се занимава со младоста на Кевин, може да се забележи како тој не покажува каква било блискост со другите луѓе, ниту чувствува трошка каење, што всушност претставуваат две клучи особини кај психопатите.

2. Џед – Злоба (Malice)

Во филмот „Злоба“, Алек Болдвин глуми хирург што има комплекс на Бог, што исто така е една од клучните особини кај психопатите.

Дрскиот и злобен Џед е совршен пример како психопатот лесно се прикрива. И Џед има голема количина површен шарм.

1. Џокер – Мрачниот витез

Според ФБИ, најреалниот психопат во историјата на филмот е кловнот што војува со Бетмен.

Убавината на епската сага на Кристофер Нолан била во тоа што од жанрот стрип преминала во трилер. По мислењето на експертите, доколку ја одземете очигледната фикција, ви останува совршениот пример на психопат.

Уште во првата сцена од овој филм Џокер покажува низа особини од листата за утврдување психопатска личност. Во грабежот што го изведе доби адреналин по каков што психопатите копнеат, но изврши и грабеж на потполно непотребно суров начин.

Џокер не се плаши од ништо, нема проблем да убие кој и да било и постојано копнее по нови возбудувања.

 

Scroll to Top