Традиционалниот Василичарски концерт годинава посветен на најголемите хитови

Традиционалниот концерт во чест на празникот Василица кој се одржува во Националната опера и балет (НОБ), годинава е насловен „Најголемите хитови“. На концертот што ќе се одржи на 12 и 13 јануари, повторно диригент ќе биде Бисера Чадловска.

„Оваа година концертот e со наслов ‘Најголемите хитови’, направен е избор од најдобрите хитови од досегашните Василичарски концерти, со симфониски аранжмани. Публиката ќе има можност да ужива во популарните странски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од Оркестарот“, најавуваат од НОБ.

Билетите чинат 1.000 и 1.200 денари, се во ограничен број, а се продаваат онлајн и на билетарата на НОБ. Концертите ќе се одржат според протколите за одржување јавни настани, одобрени од Комисијата за заразни болести, со задолжително носење заштитна маска.

Фото: Фејсбук НОБ

Scroll to Top