Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на самитот на G7 во Канада го предупредил францускиот претседател Емануел Макрон дека сите терористи се наоѓаат во Париз, пишува Волстрит журнал, повикувајќи се на изјава на висок претставник на ЕУ.
„Вие треба да го знаете тоа Емануеле, затоа што сите терористи се наоѓаат во Париз“, пренесува весникот велејќи дека американскиот претседател разговарал на неколку теми на Макрон за Иран и тероризмот.
Read News: Trump at G7: “All Terrorists Live in Paris”, Juncker a “Brutal Killer” – … → https://t.co/z1OebRh24c – 🌎 – #WorldMilitaryNews
— World Military News (@WMilitaryNews) 16 June 2018
Белата куќа и Јелисејската палата одбиле да ја коментираат оваа изјава.
Изворот навел дека Трамп во моментите на расправата по миграционите прашања во Европа му се обратил и на јапонскиот премиер Шинзу Абеу:
„Синжо да ви испратам 25 милиони Мексиканци и брзо да останете без работа“.
Изворот додава дека американскиот претседател и шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер неколку пати го нарекол „Брутален убиец“. Трамп го нарекол во контекст на даночната казна на Брисел за американската технолошка компанија во износ од неколку милијарди долари. Самиот Јункер ја потврдил изјавата на Трамп.
„Трамп минатата недела изјавил: „Жан Клод вие сте брутален убиец“.
“Trump told me last week: ‘Jean-Claude, you are a brutal killer. It is the first time Luxembourg has become such a danger to the United States. I think he meant it as a compliment, but I am not sure.”, EC President, Juncker speech at Bavarian Landtag pic.twitter.com/GkS0fdmk6t
— EcoDev EU 🇪🇺 (@EcoDev5) 17 June 2018
„Ова е прв пат Лукесмбург да стане опасен за САД. Мислам дека ова го кажа како комплимент, но не сум сигурен“, изјавил Јункер.
Земјите од G7 на последниот самит за прв пат се соочиле со непостоење на единството за најважните економски и политички меѓународни проблеми. Состанокот во Ла Малбеу дури е наречен G6+Трамп, имајќи го во предвид посебниот став на САД за бројните клучни прашања.
Претседателот на САД Доналд Трамп претходно го напутшил состанокот и ги довел во прашање резултатите од самитот, одржан на 8 и 9 јуни во канадската провинција Квебек.