Тренер избрка тиктокерка од вежбалница оти ѝ висел стомакот додека вежбала

Откако на Шелби Родригез ѝ рекле дека мора да ја напушти вежбалницата каде што вежбала, таа ја снимила својата реакција и низ солзи раскажала што ѝ се случило, а видеото го објави на Тик-ток. Шелби вели дека од  вежбалницата ја избркале поради нејзината дебелина.

„Не може на сите да ни висат стомаците така“, наводно ѝ рекол координаторот пред да ја замоли да си оди.

Таа раскажала дека тој ден за вежбање носела црн спортски градник и хеланки со висока половина. Една жена од персоналот ѝ рекла дека кодексот за облекување во вежбалницата не дозволува вежбање само по спортски градник и дека во тој случај бараат од луѓето да ја напуштат салата, но дека ќе ѝ излезат во пресрет и ќе ја остават да тренира. Но, штом почнала да вежба, на Шелби ѝ пришол координаторот на вежбалницата ѝ ги повторил правилата и ја замолил да си замине.

„Многу сум засрамена“, вели Шелби во видеото што го објави на Тик-ток.

Подоцна таа снимила уште едно видео во кое објаснува дека нема проблем со правилата околу облекувањето, туку дека се почувствувала засрамено поради начинот на кој ѝ се обратил вработениот.

„Мора да запомните дека на некои луѓе им треба многу храброст и самодоверба да влезат во вежбалница“, вели Шелби во видеото додека плаче.

Иако искуството со вежбалницата ја засрамило, Шелби доби поддршка од многу луѓе, а брзо потоа откри дека се вратила во истата вежбалница, но со посоодветна облека.

Scroll to Top