Три најголеми ризици да се заразите со коронавирус

Епидемиологот Соња Новак објаснила дека постојат три најризични начини да се заразите со коронавирусот. Таа вели дека ризикот да се заразите со Ковид 19 расте во однос на тоа каде се наоѓаме, односно дали сме на отворен или во затворен простор.

„Колкав е ризикот сме да се заразиме со Ковид 19 зависи од тоа дали се наоѓаме во кафуле, ресторан, бар, ноќен клуб или сме на отворено некаде со пријателите, во некоја градина во кафуле, на еден метар растојание. Тој простор ни го дефинира ризикот. Секој од нас би требало во наредните година дена, или колку и да е потребно, да почне да размислува за ризиците на кои се изложува“, изјавила Новак.

Таа објаснила дека вториот параметар е должината на интеракцијата со некоја личност. Тоа значи дека ако некој кој е во потенцијален ризик е подолго од десет минути во контакт со некого, таа личност мора да носи маска на себе.

„Третиот параметар е метежот. Треба да  го избегнуваме метежот, било да сме во затворен или отворен простор“, изјавила докторката Новак.

 

Scroll to Top