Триесетгодишен маж од Сан Антонио, САД, се заразил и починал откако присуствувал на ковид-забава во Тексас. Тој дошол на забавата сметајќи дека вирусот е измама. Пред да почине, тој ѝ се исповедал на медицинската сестра.
„Мислам дека направив грешка, мислев дека е измама, но не беше“, ѝ кажал на докторката Џејн Еплби од Методистичката болница во Сан Антонио.
Докторката случајот го открила во јавноста, велејќи дека на тој начин ќе помогне луѓето да сфатат дека коронавирусот е сериозен и дека многу брзо и лесно може да се рашири.
Еплби објаснила дека овие забави најчесто ги приредуваат луѓе чија цел е да утврдат дали коронавирусот е вистински и дали некој може да се зарази од него.
Докторката рекла дека била поттикната да го сподели овој случај откако бил забележан пораст на заболени. Таа кажала дека меѓу хоспитализираните има и лица на возраст од 20 до 30 години.
„Ве молам носете маски, останете дома, избегнувајте групирање и мијте ги рацете“, апелирала таа.