Тригодишната Мили Бела има своја луксузна куќа поради која станала инстаграм-ѕвезда

Тригодишното девојче Мили Бела Дајмонд е вистинска инстаграм-ѕвезда. Има н ад 154.000 обожаватели, а за нејзината луксузна гардероба може да сонуваат дури и многу возрасни личности.

Таа живее во Квинсленд, Австралија, и е горда сопственичка на својата мала куќа „Палата МБД“. Мајка ѝ вели дека им биле потребни три месеци за да ја направат, а нејзината цена е 5.000 долари.

„Ја видов во Америка оваа неверојатна куќичка, но чинеше 20.000 долари“, изјавила мајка ѝ.

Меѓутоа, поради тоа што во Австралија не можело ништо слично да купи, таткото на ова мало девојче ја направил сам.

Таткото во неа вовел и струја, а мајката ја бојадисала, пренесува „Дејли мејл“.

И двајцата се задоволни од направеното и сметаат дека оваа куќичка ќе ја користи нивното девојче додека не порасне.

Мили Бела во куќичката има телевизор, ДВД-плеер, кристален лустер и клавир за бебе. Целиот дизајн е водоотпорен, а Мили има дури и кревет на кат и градина со ружи.

Мајка ѝ ѝ отворила инстаграм-профил кога Мили имала само два месеца за нивното семејство да може да го следи девојчето.

Од тогаш таа станала вистинска ѕвезда, па дури рекламира и детска облека.

 

 

 

 

Scroll to Top