Трофејот наменет за победникот во Лига Европа, во петокот, бил украден во мексиканскиот град Леон, во сојузната држава Гуанахато.
Возилото со кое бил превезуван трофејот на турнејата низ Мексико било нападнато, а пехарот украден. Сепак по неколку часа мексиканската полиција успеала да го пронајде трофејот, без да соопшти повеќе детали.
#PGJEInforma Que a través de elementos de la @AIC_Guanajuato es recuperada la copa @EuropaLeague tras recibir la denuncia que había sido robada del vehículo que la trasladaba posterior a un evento en @municipio_leon. pic.twitter.com/TF8sKjVRAe
— PGJE (@PGJEGUANAJUATO) April 20, 2018
Мексиканските власти објавија на Твитер фотографија, со тектс дека пехарот повторно е во сигурни раце.
Инаку, натпреварите во Лига Европа, продолжуваат в четврток. Првите полу-финални натпревари ќе ги одиграат Арсенал и Атлетико Мадрид, односно Олимпик Марсеј и Ред Бул Салцбург.