Трудница исфрлена од ресторан поради маицата што ја носела

Кариша, која чека близнаци, не можела да верува што ја снашло, па набргу се огласи на „Фејсбук“.

Трудницата Кариша Рејли Гобин ја исфрлија од еден ресторан во Вашингтон каде што сакала да руча.

Персоналот што работел во тој ресторан ѝ го забранил влезот затоа што не била адекватно облечена.

Кариша, која чека близнаци, не можела да верува што ја снашло, па набргу потоа целиот настан го објавила на „Фејсбук“.

На недоличен начин ѝ соопштија дека носи гардероба што открива премногу. Ја повикаа на правилото „Немаш чевли, немаш маица, нема услуга“.

Во коментарите на фотографиите луѓето остро го осудиле овој настан.

 

Од ресторанот набргу реагираа, па на нивната официјална интернет-страница осамна реченицата:

„Се извинуваме за недоразбирањето и ќе разговараме со вработените и ќе им објасниме дека тоа правило не мора да го спроведат по секоја цена.

Сепак, нам на прво место ни е комфорноста на нашите гости“, пишува „24 часа.хр“.

Scroll to Top