„Црниот пантер“ го собори рекордот на „Титаник“

По 21 година „Титаник“ веќе не е филм со најголема заработка на киноблагајните во светот. Минатиот викенд на негово место се најде „Црниот пантер“. Филмот на Марвел, што почна да се прикажува на 16 февруари, и понатаму остварува голема неделна заработка.

Според податоците, филмот досега заработил 659,5 милиони долари само во Америка, а „Титаник“ во Америка има заработка од 659,3 милиони долари.

Освен што е филм со најголема заработка во светот, „Црниот пантер“ е филм со трета најголема заработка во Северна Америка. Пред него се само „Аватар“ и „Паркот Јура“, но филмските работници сметаат дека за 2-3 недели ќе ги надмине и нив.

 

Scroll to Top