„Твитер“ им кажа на вработените дека доживотно можат да работат од дома

„Твитер“ на своите вработени им кажа дека можат доживотно да работат од дома ако сакаат се додека компанијата прави планови за иднината.

Ова дојде по соопштувањето дека мерките за работа од дома во времето на пандемијата на коронавирусот се покажале успешни. Сепак, секој кој сака, ќе може да се врати во канцеларија откако ќе бидат укинати рестриктивните мерки.

Пред неколку дена, „Фејсбук“ и Гугл“ кажаа дека нивниот персонал ќе работи од дома до крајот на годината.

„Во изминатите неколку недели се покажа дека можеме да работиме на овој начин. Затоа, ако нашите вработени имаат услови и сакаат да работат од дома засекогаш, ние ќе им го овозможиме тоа“, се вели во соопштението на „Твитер“, кој има над 4.000 вработени низ цел свет.

„Твитер“ ги затвори сите свои канцеларии во март и не планира да ги отвори најмалку до септември.

Scroll to Top