Убиен раперот Лил Марло

Раперот Лил Марло (31) е пронајден мртов по пукање на автопат во Атланта. Полицијата верува дека станува збор за убиство и дека раперот бил цел на нападот, пишува Ти-ем-зи.

Полицијата одговорила на повикот за сообраќајна незгода половина час пред полноќ на 12 јули и го пронашла раперот, кој на самото место бил прогласен за мртов.

„Инспекторите сметаат дека жртвата била цел на пукањето и тие работат на утврдување на околностите околу пукањето“, објави полицијата во Атланта.

Странските медиуми пишуваат дека официјалната причина за смртта не е позната и дека таа ќе се утврди само по обдукцијата. На социјалните мрежи се појавија видеа од местото на пукањето, на кои се гледа отворената врата од автомобилот.

Лил Марло беше познат по хитовите 1st N 3rd, F *** em и Time After Time. Многу светски рапери се збогуваа со него на социјалните мрежи.

Scroll to Top