Учителка ѝ го спасила животот на баба за време на онлајн настава

Учителката Јулија Коч од Мичиген ѝ го спасила животот на една баба, за време на онлајн настава, пренесува „Си-ен-ен“. Јулија додека држела онлајн настава успеала да ѝ го спаси животот на Синтија Филипс, чија внука ја следела онлајн наставата.

Јулија вели дека една од нејзините ученички на 22 септември имала проблем да го уклучи таблетот и дека ја повикала баба ѝ да и помогне. Синтија постојано нешто говорела дека не може да го уклучи таблетот, а учителката во тој момент забележала дека со неа нешто не е во ред.

„Зборовите на Синтија се прекинуваа. Не можев да разберам што ми говори. Не звучеше како да е таа“, изјавила Јулија за медиумите.

Загрижена, учителката веднаш го побарала директорот, кој повикал Итна помош.

„Ќе умрев ако учителката не беше тука и не ги забележи моите симптоми. Итната помош се појави во мојата куќа и ми помогнаа да се повратам. Фала богу што не умрев пред моите деца“, изјавила Синтија.

Јулија и директоот за кратко време станаа локални херои.

 

Scroll to Top