До кога угостителските објекти ќе бидат затворени? Ова прашање веќе не си го поставуваат само кафанџиите туку и пејачите и луѓето. Се чека зелено светло за, како велат -мали забава. Уште пред 10. сопстевниците на ги исчистија објектите, ги дезинфицираа, ги наместија масите на дозволена дистанца, иако се уште нема абер од препораката за отворање.
„По продолжениот карантински викенд, ги повикуваме сите сопственици на угостителски објекти од денес во сите локали да се извади по некој звучник и да се пушти музика. Целта е да покажеме дека сме тука и полека да привлечеме внимание и да ги разбудиме луѓето и одговорните. Исто така, ќе извршиме дополнителен притисок, дека сме подготвени за поскоро отварање. Ве повикуваме сите заедно денес точно од 12- 18 часот да пуштаме музика, секој по свој избор и да покажеме единство“, се вели во писмото на дел од сопствениците на угостителските објекти.