Ураганите имаат сила еднаква на 10.000 нуклеарни бомби

Просечниот ураган има брзина на ветер од 119 километри на час и пречинк од 160 километри.

Големиот тропски циклон ротира со огромна брзина со која се шири и ослободува неверојатна количина на енергија. Ова зависи од неколку фактори, како што се големината, движењето и силата на циклонот. Така зависи од „зрелоста“ на ураганот и дали оваа енергија ја ослободуваат ветрови или се ослободува за време на облачната/дождлива формација.

Судејќи според Атлантската океанографска и метеоролошка лабораторија, количината на енергија која ја ослободуваат ветриштата за типичен ураган е еквивалентна на отприлика сите произведени електрични енергии на планетата, пишува sciencer.com.

Просечниот ураган произведува околу 1,5 сантиметри дневно дожд внатре во кругот на радиусот од 665 километри. Количината на енергијата е потребна за да сета таа вода се претвори во пареа и е просто неверојатна, имено таа е еднаква на својата произведена планетарна електрична енергија, помножено со 200.

Како што наведува НАСА, просечниот ураган може да произведе енергија како 10.000 нуклеарни бомби, во текот на својот животен циклус. Оваа количина на енергија може да биде деструкција ако се ослободи сето тоа во исто време, но за „среќа“ животниот циклус на тропските циклони (од тропска депресија – тропска бура – ураган па до смрт) може да трае два дена или најмногу месец дена. Така да оваа енергија се дистрибуира низ различни облици се до смртта на ураганот.

Просечниот ураган има брзина на ветерот од 119 километри на час и пречник од 160 километри. А тоа е само категорија и Сафир-Симпсонова скала на ветрови. Тоа значи дека ураганот од втора, трета, четврта и петта категорија, кои имаат поголема брзина на ветерот може да произведат енергија која е еквивалентна и со поголема сила од 10.000 бомби.

Погледнете го видеото:

 

Scroll to Top