Сцена слична на онаа од Суецкиот канал, каде огромен брод го заглави пристаништето, била видена и во Западен Сасекс во Англија. Карго брод долг 80-метри, под името The Elise, се заглил во раните утрински часови, пренесуваат тамошните медиуми.
Портпаролот на пристаништето Литлехемптон, изјавил дека бродот бил закотвен и дека ќе запловел кога ќе надошла плимата.
Реката Арун е отворена за пловење, со оглед на тоа дека има доволно место меѓу закотвениот брод и брегот, велат службениците од пристаништето.