Утрово сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во наредните денови, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи.

Scroll to Top