В сабота се отвораат организираните плажи во Грција

По препорака од надлежната комисија за заштита на јавното здравје, грчката влада одлучи дополнително олабавување на мерките и отворање на организираните плажи, дел од судовите, дел од центрите за дополнителна настава и училиштата за странски јазици.

В сабота, 8 мај, се отвораат организираните плажи, а од понеделник почнуваат со работа и дел од судовите, но и центрите за дополнителна настава и училиштата за странски јазици со физичко присуство на учениците, но само оние што се поврзани со испити или со полагањето државна матура за упис на факултет.

 

Scroll to Top