Екипата на Раул Гонзалес, Вардар, претрпе нов пораз (29-28), овој пат од ПСЖ, во рамките на борбата за третото место во Лигата на шампиони. Претходно Вардар беше поразен во полуфиналниот меч од Монпелје во рамките на полуфиналето.
Ова за Раул Гонзалес е последен меч како тренер на Вардар. Од следната сезона Шпанецот ќе седне на клупата на ПСЖ.
На овој меч, Вардар настапи без првиот голман Арпад Штербик кој, според официјалното образложение, поради мала повреда остана на трибините, а во сосатвот на „црвено-црните“ покрај Страхиња Милиќ на местото на Штербик влезе Даниел Ѓорѓески.
За Вардар ова е втор настап на Ф4 турнирот во Келн и нјајверојатно последен во овој состав, а за ПСЖ трето по ред учество во завршницата од Лигата на шампионите.
Лука Циндриќ постигна седум, а Хорхе Македа заврши со шест гола за Вардар. Кај ПСЖ ударна сила во нападот беше Недим Ремили со девет погодоци.
Новиот европски шампион што ќе го наследи Вардар на европскиот трон ќе биде познат по финалето меѓу Нант – Монпелје со почеток во 18 часот.