Вардарки против Ѓер во финалето на Ф4

Ракометарките на Вардар со 25:19 ја победија екипата на Ростов Дон и се пласираа во големото финале од Лигата на шампиони.

Вардар во утрешното финале ќе игра против актуелниот шампион Ѓер кој претходно го совлада тимот на ЧСМ Букурешт исто така со шест разлика 26:20. Натпреварот ќе биде реприза од минатогодишното финале, каде македонскиот тим ќе има шанса за реванш.

Фантастична партија во ова полуфинале имаше Амандин Лејно со 17 одбрани, најдобри стрелци беа Лекиќ и Пенезиќ со по седум погодоци, Радичевиќ постигна четири, Лазовиќ три. Во составот на Ростов, Илина постигна пет погодоци.
Финалниот натпревар меѓу Вардар и Ѓер се игра утре со почеток од 18 часот.
Scroll to Top