Вдовиците живеат помалку стресно

Долго се веруваше дека бракот добро влијае врз двата сопружника „и во добро и во зло, во здравје и болест“, но новата студија на италијанските научници покажала дека вдовиците живеат со помалку стрес од жените чиишто сопрузи сé уште се живи, пишува Journal of Women’s Health.

Резултатите од истражувањата на научниците од Универзитетот во Падова делумно се спротивни од претходните, кои велат дека бракот има позитивно влијание врз здравјето, дека го намалува ризикот од срцеви удари и депресии, како и дека ги зголемува шансите за преживување на ракот.

Шефицата на истражувањето, др Катерина Тревизан, и членовите на нејзиниот тим велат дека според резултатите од студијата, жените по смртта на сопругот се во помал стрес и дека се со подобро здравје за разлика од мажите врз кои смртта на сопругата остава негативни последици, бидејќи се навикнати во текот на бракот повеќе да се потпираат на неа.

Сопругите се грижат за домаќинството, децата и здравјето на целото семејство, поради што често се фрустрирани и поизложени на стрес. Се верува и дека поради споменатите фактори меѓу неомажените жени има помалку заболени од депресија. Истата студија покажала и дека жените коишто живеат сами помалку го имаат чувството на вознемиреност, отколку мажите што живеат сами.

Според претходни истражувања, лицата кои живеат во брак живеат подолго од самците, но истражувањето на италијанските научници спроведено на 2.000 лица повозрасни од 65 години покажало дека досега прифатената теорија за позитивниот ефект на брачниот статус не може во иста мера да се примени и на мажите и на жените.

 

Scroll to Top