Вечерва почнува Охрид колинг: Забава со македонски и светски диџеи

By

По едногодишна пауза, најголемиот електронски фестивалски бренд на Македонија, „Охрид колинг“, вечерва се враќа на старото место, касарната во Охрид. Три дена журки со светски и домашни диџеи.

На 31 јули, на првиот фестивалски ден, хедлајнери ќе бидат девојките „Нерво“, кои настапува и на фестивали како Tomorrowland, Ultra Music festival и слично. Пред нив настапува диџеј-дуото Vinai прв пат во Македонија, добро познати по хитовите Rise Up, How We Party и други. Пред Vinai е едно од најголемите регионални и светски диџеј-дуа – Vanillaz од Словенија, а првата фестивалска вечер ќе ја отвори младата и надежна диџејка Jana Slayy.

На втората фестивалска вечер, на 1 август, хедлајнер ќе биде Regard, во моментот веројатно најактуелниот светски диџеј, кој ги има хитовите Ride It, Secrets. Пред него ќе настапат Dj`s from Mars, а за крај на вечерта се закажани настапите на Сенида и Сара Јо. Загревањето на оваа вечер ќе му биде доделено на младиот диџеј Деловски.

Последната фестивалска вечер, на 2 август, е замислена како after midnight closing festival set со спектакуларното диџеј-дуо Sunnery James & Ryan Marciano. Пред нив ќе настапи диџеј-дуото Ofenbach, познато по своите хитови Wasted Love, Be Mine, Paradise. Пред Ofenbach, првата интернационална ѕвезда таа вечер ќе биде хитмејкерот Mahmut Orhan кој ќе настапи со специјален диџеј-сет. Вечерта ќе ја отвори младиот диџеј Chris J.

Организатор на Охрид колинг е Авалон продукција.

Ќе ви се допадне

Watch Nanocore: NG Scenes - Nano's Daily Life Episode 2

AnimeFreak Watch anime online, English anime online HD

Website https://gogoanime.be: Watch Demon City Shinjuku gogoanime Episode Full anime

Website https://4anime.biz: Watch Kuromukuro 4anime Episode 26 anime

Pbase: https://pbase.com/gogoanimebe/profile

Cdprojekt: https://www.cdprojekt.com/pl/forums/users/gogoanimelol/