Венчаницата на принцезата Дијана ќе биде изложена во палатата Кенсингтон

На 3 јуни во палатата Кенсингтон ќе се отвори изложбата „Кралски стил во изработката“, на која во центарот на вниманието ќе биде венчаницата на принцезата Дијана. Раскошната креација на Дејвид и Елизабет Емануел ќе биде изложена заедно со оригиналните скици, парчиња ткаенини и нови фотографии од колекцијата церемонијални фустани. Целта на изложбата е да прикаже како идеите стануваат историска реалност.

Венчаницата на Дијана е една од најпознатите во историјата на модата. Оваа креација е олицетворение на модата од 80-тите. Свадбата на леди Дијана Спенсер и принцот Чарлс се одржа во јули 1981 година. Набргу по ова, Дијана го доби прекарот принцеза на срцата и стана омилениот член на кралското семејство.

 

Scroll to Top