Венеција го слави 1600. роденден без туристи

Венеција, една од најатрактивните туристички дестинации во светот, ќе го прослави 1600. роденден без туристи. Иако во градот годишно доаѓаа милиони туристи, овојпат заради пандемијата, градот го ограничи присуството на луѓе на славеничките настани.

Пред само една недела беше одбележан националниот ден во чест на сите починати од Ковид-19 во Италија.

„Денот почнува со порака на надеж: Венеција е жива, Италија е жива“, напиша градоначалникот Луиџи Бруњаро на Твитер.

Тој најави дека ова ќе биде година на прослави, но дека ќе се држи физичка дистанца и дека повеќето настани ќе се пренесуваат во живо преку интернет или на телевизија.

Според легендата, Венеција била основана на 25 март 421, но историчарите денес го оспоруваат овој датум поради недостиг на историски извори. Градот го почна одбележувањето на роденденската прослава со миса во катедралата „Св. Марко“ на плоштадот во центарот на стариот дел од градот.

Scroll to Top