„Версаче“ и под газ и за спиење и за пливање

Шенки Маслани, во јавноста познат како Шенки Версаче, не ја крие својата опседнатост со модниот бренд „Версаче“. Неговата куќа е уредена во овој стил, автомобилите на Шенки имаат обележја од овој моден бренд, исто како и базенот и мебелот во неговиот дом. Тој има дури и пиштол со знакот на „Версаче“.

Гардеробата на Маслани е од „Версаче“. Сите производи што ги поседува се оргинални и купени во Италија.

Тој во едно интервју открил дека дава по 45 евра за чорапи со знакот на овој моден бренд, а по 200 евра за гаќи. Во интервјуто рекол дека богатството го заработил од трговијата со автомобили.

„Веќе дванаесет години работам, имам добра работа и не ми е жал да трошам пари на нешто што е еден вид мој знак на распознавање“, рекол Маслани.

Scroll to Top