(Видео) 900 шишиња коњак наменети за руски цар најдени на дното на морето

Тим нуркачи откриле на дното на Балтичкото Mоре 900 шишиња француски коњаk, кој бил наменет за последниот руски цар Николај Втори. Шишињата се наоѓале на транспортен брод, кој бил потоpен од страна на германска подморница во 1917 година.

Интригантната приказна почнала во мај 1917 година, кога шведскиот брод „Кирос“ испловил за Петроград, денешен Санкт Петербург, носејќи 50 сандаци со француски коњак и уште 15 сандаци со ликер. Пијалaците биле испратени за рускиот цар Николај Втори, кој абдицирал од престолот два месецa порано.

Русија во тој период и формално била во војна со германското царство, па товарот од Франција бил испратен со брод што припаѓал на тогаш неутралната Шведска. Бродот „Кирос“ сепак никогаш не стигнал на своето одредиште.

Додека поминувал покрај островот Аланд во Балтикот, бил пресретнат од германската подморница „US-58“. Според тогашниот воен закон, Германците го обвиниле екипажот на „Кирос“ дека шверцувал илегален производ. Тие ги натерале да преминат на другиот брод, но претходно да го потопат нивниот.

900 шишиња со најдобрите и најквалитетни француски пијалаци завршиле на дното на морето. Пред 20 години биле најдени дел од остатоците на бродот, но тогаш било премногу опасно за некој се обиде да ги извади сандаците. Сега, тим на шведски и исландски нуркачи одлучи да пробат и успеал во своите намери.

„По неколку години подготовки, конечно почна акцијата на меѓународниот брод ‘Дипси воркер’. Со помош на роботи, конечно успеавме да спасиме околу 600 шишиња коњак De Haartman & Co и 300 шишиња ликер Benediktin“, велат од истражувачкиот тим, а пренесува RTS.

Шишињата кои биле изложени се чини дека се недопрени. Некои од нив сè уште ги имаат оригиналните печати и знаци.

„Важноста на ова не може доволно да се нагласи. Не само што станува збор за ретко откритие, туку ова е и дел од царската Русија“, велат од шведскиот тим.

Особено внимание обрнале на ликерот Benediktin, кој повеќе не се произведува, а неговите производители, кои влечат корени од француските монахи, почнале со производство на Bakardi.

 

 

 

Scroll to Top