Анархисти кои пристигнале од целиот Балкан се судрија денеска во Солун со грчката интервентна полиција, откако околу 2000 демонстранти маршираа против национализмот во регионот, пренесува АП.
Се наведува дека полицијата користела солзавец, и шок бомби врз анархистите, кои се забарикадирале внатре во кампусот на Универзитетот во Солун.
Агенцијата потсетува дека полицијата со закон им е забрането да влезе во универзитетскиот кампус за да апси.
АП наведува дека собирањето на балканските анархисти е организирано поради тоа што активистите кои се ултрадесничари во јануари ги запалија просториите на анархистичкиот колектив во Солун.
#thessaloniki #antifa March #skg pic.twitter.com/nH7AVpKwMT
— Marianna Karakoulaki (@Faloulah) March 10, 2018
Агенцијата оценува дека националистичките тензии и понатаму се шират на Балканот, и потстеуваат дека во Грција и соседна Македонија неодамна се одржани протести околу деценискиот долг спор околу името Македонија.