Авион беше погоден од три грома во исто време, додека слетуваше на аеродромот во Лондон „Хитроу“, пренесуваат британските медиуми.
Снимката која беше направена од земја, покажува дека леталото е погодено во период од три минути одеднаш.
Временскуте услови биле неповолни и авионот се пробивал низ сивите облаци, кога громовите го погодија. Се чини дека громовите дошле од повеќе правци и удриле истовремено од повеќе агли.
Секој ден авионите се наоѓаат на мета на громови, но имаат многу добро заштита, па не постои можност некој да биде повреден.
Се проценува дека секое летало, најмалку еднаш годишно, или еднаш во две години, е погодено од гром.