(Видео) Британец пред 30 години станал пчелар, а од бизнисот со мед станал мултимилионер

Британецот Стив Рајан (63), кој работата со пчелите ја започнал на својата кујнска маса пред 30 години, денес е мултимилионер. Тој успеал да ја продаде фирмата за неверојатни 100 милиони фунти.

Неговата фирма Bee Health, со седиште во Бридлингтон, ја продал на американската компанија INW, од Далас. Иако стнал мултимилионер, Рајан не сака да ја открие точната цифра на богатството, но нагласил дека сега би можел да купи остров на Бахамите или приватен џет авион.

На прашањето како изгледа да се биде мултимилионер, тој одговорил дека за него не е нешто посебно, но објаснил дека ни на сон не помислил дека може да ја продаде фирмата за толкава сума на пари.

„Мојот банкар ме праша што е тоа што прво ќе си го купам. Му одговорив дека имам сè што ми е потребно. Имам шест тркачки коња, но планирам да одам на еден азиски остров од декември до февруари“, изјавил Рајан.

Рајан својот бизнис го започнал во 1992 година.

„Ми се допадна идејата да имам 100.000 работници кои работат за џабе. Пчелите се интригантни и феноменални инсекти. Добив стан од општината кога имав 25 години и така го почнав бизнисот. На аукција ги купив потребните работи, туба за добивање мед и смола. Од медот правевме производи кои ги продававме во продавници, а почнавме и со пчеларска задруга како туристичка атракција. Тогаш купивме мала фабрика за да го произведуваме тоа што ни е потребно. На почетокот беше лудо. Преку денот бевме во пчеларникот, а во ноќта правевме мед. Кога почнавме да правиме суплементи, тогаш настана пресврт во работата“, изјавил Рајан, кој нагласува дека претходно не знаел ништо за пчеларството и како да се занимава со таа работа.

„Сè се заснова на тешка  работа и ризик. Претприемачот е секогаш коцкар“, изјавил тој.

„Би Хелт“ се наоѓа меѓу 200 британски компании со растечка меѓународна продажба. Рајан вели дека успеал да договори за продажбата затоа што Владата дозволила патувања за бизниси кои вредат толку многу пари.

„Пандемијата ни донесе доста работа. Произведувавме 160 до 170 милиони капсули и таблети секоја недела. Секои две недели правевме по 50 милиони таблети витамин Д. Бизнисот цветаше. Мислам дка луѓето сега многу посериозно го сфаќаат земањето витамини“, вели Рајан.

Тој додал дека во фабриката и понатаму работат 360 луѓе, вклучувајќи го и неговиот син Луис, кој е директор, пренесува „Мирор“.

Кога си заминал од фирмата, Рајан на поедини работници им ги отплатил долговите и им дал по 10.000 фунти за депозит да си купат куќа. Тој е татко на пет деца и има четири внуци. Сега Рајан вели дека ќе се занимава со волонтерска работа.

Scroll to Top