(Видео) Маж им се заканува на патниците и екипажот дека ќе го сруши авионот затоа што пилотот слетал во Белград

Маж од Данска на возраст од 40 години се обидел да упадне во кабината на пилотите во авионот и се заканил дека ќе го сруши само затоа што истиот бил пренасочен кон Србија и слетал на аеродромот во Белград. Авионот што летал од Тузла бил пренасочен поради маглата.

Мажот ги навредувал присутните, ги плукал тие околу него и ги туркал сите кои се обиделе да го совладаат и да го спречат да не отиде во кабината на пилотот. Двајца од обезбедувањето на крајот успеале да го совладаат и да го задржат.

Неговата сопруга се обидела да го смири. Таа му ја ставила и раката на уста за да го спречи да не плука по другите патници.

„Тргни се Захира, ќе те убијам и тебе. Мајката да ви ја ебам. Зошто молчите? Зошто ме носите во Србија? Не сакам да се смирам. Ќе се убијам и себе и жената и детето.  Ќе ви  ебам матер српска“, викал тој по сите во авионот.

И една од стјуардесите се обидела да го смири и го замолила да седне заради негова безбедност, но и заради безбедноста на другите патници. Но, тој продолжил да ја навредува и неа и да дава отпор на обезбедувањето.

На крајот обезбедувањето успеало да го собори на земја и да го уапси.

Scroll to Top