(Видео) Момчето на Шабани снимило видео за смрт на жена што исчезнува

Македонската актерка Адеа Шабани, која беше пронајдена мрва минатиот месец во близина на Сакраменто, а идентификувана по тетоважите на нејзиното тело, исчезна на 27 февруари по што почна потрагата по неа. Откако полицијата ја најде во плитко ископан гроб, а обдукцијата покажа дека била удрена со тап предмет по главата, денес таа беше закопана на гробиштата во Бутел во Скопје.
Главен осомничен во истрагата е нејзиниот љубовник Крис Споц, кој, паралелно со врската со Шабани, бил свршен со друга жена. Тој се самоубил, пукајќи во себе, а е последниот човек што бил со Шабани во нејзиниот апартман во Холивуд. Двајцата се регистрирани од камерите во лифтот.
Споц, млад актер, колега и љубовник на Шабани, кој на „Јутјуб“ имал и свој канал, пред два месеца, непосредно пред исчезнувањето на Шабани, и еден месец пред неговото самоубиството, се снимил со пиштол во раката и со монолог за животот и смртта, за љубовта, за жена што исчезнува и што сака да ја врати со саможртва.
На 28 март полицијата последен пат се огласи за смртта на Шабани, како и од канцеларијата на шерифот на Невада. Оттогаш нема нова вест за истрагата.

Scroll to Top