(Видео) Дедо Мраз, донеси го тато дома за Божик: со рекламата на „Кока-Кола“ почна празничната сезона

Божикното рекламирање на „Кока-Кола“ оваа година ја следи мисијата на еден татко да го достави божикното писмо на ќерка си до Дедо Мраз.

Во рекламата со наслов „Писмото“, која трае 2 минути, гледаме како таткото се подготвува да замине од дома на работа. Тогаш ќерка му му подава божикно писмо, кое треба да стигне до Дедо Мраз. Заборавајќи да го прати писмото, таткото тргнува на пат до Северниот Пол за биде сигурен дека Дедо Мраз ќе го добие писмото навреме.

„Драг Дедо Мраз, те молам, донесете го тато дома за Божик“. Пораките оваа година се едноставни, како што објаснува „Кока-Кола“.

„Овој Божик дајте нешто што само вие можете да го дадете. Без разлика дали е лично, преку видеоповик или само брза порака. Одвојувањето време за оние што ги сакате е тоа што го прави Божик навистина најспецијалното време од годината, без оглед како го правите тоа“.

Каде и да сте, се надеваме дека имате добар Божик, велат од „Кока-Кола“.

„Нашата нова реклама ја одразува вистинската магија на Божик – нашата поголема благодарност кон најблиските, чувството за заедница и нашата потреба да бидеме присутни едни со други овој Божик“, вели Крис Робенс, директор за маркетинг во „Кока-Кола“, Велика Британија.

Празничните активности на „Кока-Кола“ нема да ја вклучат нејзината стандардна турнеја со камиони во Велика Британија оваа година. Таа е откажана првпат досега поради пандемијата на коронавирусот.

За многумина, божикната турнеја со камионите на „Кока-Кола“, заедно со рекламата „Празници се ближат“, е знак дека официјално е почна празничната сезона.

Scroll to Top