(Видео) Ден на морнарицата во Русија

Претседателот на Русија Владимир Путин денес во Санкт Петербург присуствуваше на парадата по повод одбележувањето на Денот на морнарицата во Русија. Путин изјави дека руската морнарица оваа година ќе добие 40 нови бродови и друг тип на пловила.

На парадата учествуваа 46 бродови и преку 4000 војници. Путин претходно изјави дека парадата има за цел да ја покаже растечката сила на руската морнарица.

Тој додаде дека морнарицата оваа година руската морнарица ќе биде опремена со хиперсонично оружје за зацврстување на борбените способности.

Отворајќи ја парадата, тој изјавил дека изминатите денови во три водечки бродоградилишта во Русија, поставени се шест пловила за далечна мроска зона.

Слични паради денес се одржани во уште неколку руски градови. Воената модернизација е приоритет на Кремљ, за време на тензиите од западот кои следувале по анексијата на Крим во 2014 година.

Scroll to Top