(Видео) Девојки тепаат соученичка, ја влечат по земја и снимаат со телефон

Интернет-порталот „Охрид1“ објави вознемирувачко видео на кое се гледа како неколку девојки малтретираат друга девојка, ја влечат и тепаат. Целиот настан е снимен со мобилен телефон. Тие пишуваат дека видеото било испратено во редакцијата и дека според нив станува збор за малолетни лица од источниот дел на Македонија. Не знаат каде и кога точно се случил ужасниот настан на малтретирање, освен дека станува збор за средно училиште во еден македонски град.

Порталот објави скарена снимка на која се заматени лицата на девојчињата. Како што пренесуваат, на целата снимка, која е многу подолга, се гледаат лицата на учесниците во тепањето.

Целиот текст можете да го прочитате тука.

Scroll to Top