Два борбени авиона „јурофајтер“ се судрија над Германија, во регионот Мекленбург-Ворпомерн. Тие се судрија врз езерото Флисенси, во близина на градот Малшоу, пренесе „Билд“.
Информацијата за судирот на авионите ја потврдил и министерот за внатрешни работи и открил дека пилотите успешно се катапултирале од авионите. Според германските медиуми, едниот од пилотите бил веднаш бил пронајден жив во крошна од дрво. Тие пишуваат и дека парчиња од авионот паднале во населено подрачје, но дека нема повредени граѓани.
#Breaking: Just in – Reports of that Two Eurofighter jets have crashed into each other, over northern Fleesensee lake near the town of Malchow in #Germany. pic.twitter.com/ube4XoWNh8
— Sotiri Dimpinoudis (@sotiridi) June 24, 2019